Tuesday, August 5, 2014

Рецензија - Cold in July

Cold in July е скорешен нео-ноар филм кој верно се држи до дефиницијата за жанрот и може да послужи како пример за тоа што би требало да представува овој жанр. За разлика од времето на златниот Холивуд, кога филм-ноарот бил востановен како жанр, и покрај тоа што не постоела целосна согласност од филмските теоретичари и критичари дали е жанр или филмски стил, денеска овој жанр e подзаборавен, но остава траги во многу криминалистички филмови. Сепак денеска нео-ноарот како жанр, вклучувајќи ги и неговите хибриди, ретко е застапен во светската продукција.



Дејствието на Cold in July се одвива во Тексас. Филмот започнува со сцена која изобилува со напнатост во која гледаме како еден разбојник провалува во куќата каде што живее Ричард Дејн (Мајкл С. Хол). Хол ќе го чуе разбојникот и ќе посегне по пиштолот со цел да се одбрани себеси и своето семејство. Тој ќе го застрела разбојникот кој набрзо ќе почине. По некое време Хол ќе се појави на погребот кај починатиот, поведен од чувството на вина дека пребрзо издејствувал. На погребот ќе го сретне Расел (Сем Шепард), таткото на застреланиот, кој по краткото запознавање ќе му се закани дека ќе му се одмазди поради смртта на неговиот син.




Покрај Сем Шепард во филмот значителна улога има и Дон Џонсон. Двајцата актери, како и останатите, многу добро се вклопуваат во своите улоги, а за нивниот избор секако е заслужен режисерот Џим Микл. Микл, покрај тоа што се докажува како вешт режисер, се појавува и во улога на монтажер и сценарист. Неговото ангажирање на повеќе полиња во овој филм вродува со плод. Континуитетот и должината на кадрите кои претежно се снимени со study cam се измонтирани во ефективни сцени кои го градат ритамот на филмот. Подлога за ваквата градација овозможува квалитетното напишано сценарио според новелата на Џо Р. Лансдејл. Покрај Џим Микл косценарист на овој филм е Ник Дамичи. Дамичи, покрај тоа што пишува сценарија се занимава и со актерство, па добива споредна улога и во овој филм на Микл. Во филмот изобилува low key естетиката, карактеристична за ноар жанрот, а голем број од сцените се снимени со осветлување со јарки бои. Во музиката за филмот, која е испродуцирана од Џев Грејс, преовладуваат бои од синтизајзер кои датираат од периодот на осумдесетите.



Cold in July (2014) од естетска гледна точка прилично наликува на Drive (2011) од Николас Вендинг Рефн, но без оглед на сличноста со овој филм Микл не претендира да го достигне или да го ископира стилот на Рефн. Овој филм е одлично освежување за љубителите на нео-ноар жанрот и најверојатно најдобар филм ноар во последниве три години.

     Филип Миовски



1 comment:

  1. Ова сведоштво го споделувам со партнерите кои страдаат во нивните врски бидејќи постои трајно решение. Мојот сопруг ме остави мене и нашите две деца за друга жена три години. Се обидов да бидам силна само за моите деца, но не можев да ја контролирам болката што го мачеше моето срце. Бев повреден и збунет. Ми требаше помош, па истражував на интернет и наидов на една страница каде што видов дека д-р Елен, која работи на правопис, може да помогне да се вратат саканите. Ја контактирав и таа ми направи посебна молитва и магии. На мое изненадување, мојот сопруг повторно се врати дома по 2 дена. Така се обединивме и имаше многу љубов, радост и мир во семејството. Можете исто така да контактирате со д-р Елен, моќен магија за решенија
    1) Врати се дечко
    2) Повторно обединете маж или жена
    3) Ако имате кошмари
    4) Исцелување на ХИВ и рак
    5) Моќен магичен прстен
    6) Магија за среќа
    7) Раскинување на опсесијата
    8) Проблеми со породувањето и бременоста
    9) среќен лотарски број
    Контакт преку е-пошта: ellenspellcaster@gmail.com Можете исто така да го Whatsapp +2349074881619

    ReplyDelete