Wednesday, January 21, 2015

Рецензија - Левијатан

Андреј Звјагинцев со неговиот последен филм Левијатан се докажа како маестрален режисер во својата татковина и пошироко. Како и во неговиот претходен филм Елена, тој врши вивисекција на моралните начела, стереотипи и вредности на општествената ситуација во Русија. Перцептивна моќ за детектирање на фундаменталните проблеми во посткомунистичкото општество и способноста за прикажување на истите преку кодови кои се содржат во човековото секојдневно битисување се заедничкиот иманител во неговите два последни филма, додека во неговите претходни филмови повеќе се фокусира на моралната димензија. Сепак, неговите филмови се универзални и вонвременски, па затоа Левијатан беше прифатен нашироко.   



Левијатан е филм кој е работен по оригинално сценарио кое, пред сè, се темели на библиската приказна за Јов и вистинската сторија за Марвин Химајер (Marvin Heemeyer). Приказната за неправдата кон Химајер, кој водел војна со локалните власти околу припадноста на неговиот имот, била појдовната точка за настанувањето на сценариото за овој филм. Имено, заплетот во овој филм е борбата помеѓу поединецот и државата, претставени преку Николај (Алексеј Серебјаков) и градоначалникот Вадим (Роман Мадјанов) кој дрско стои на ставот дека имотот на Николај треба да му припадне нему.



За тие што не се запознаени, битно е да се напомене дека морското чудовиште Левијатан, кое најпрвин се спомнува во книгата на Јов, а кое ја претставува власта на која никој не може да ѝ се спротивстави, подоцна како метафора за истата ќе биде употребено од страна на Томас Хобс при креирањето на неговото капитално дело „Левијатан“. Хобсовиот модел за суверена држава се темели на идејата за пренесување на индивидуалната власт и моќ на граѓаните на еден човек или на собрание кое би ја застапувало нивната волја. Создавањето на овој смртен бог „Левијатан“ би требало да биде подредено на бесмртниот бог кој би се грижел за сите граѓани. Оваа врска помеѓу државата и црквата е јасно воочлива во филмот, но, за разлика од Хобс, Звјагинцев поединецот го прикажува како обесправен пред бирократскиот систем кој ѝ служи само на корумпираната власт која, пак, е подржана од црквата.



Поради отворената критика кон узурпаторската власт и лицемерието на црквата, овој филм нема да најде на одобрување од страна на руските власти, дури ќе биде прогласен од некои инстанци на власта за анти-руски. Неговата јавна премиера во Русија е ставена под знак прашање, додека во остатокот од светот ќе биде добро прифатен.



Левијатан досега има добиено повеќе награди, меѓу кои најзначајни се наградата за најдобро сценарио на Канскиот филмски фестивал и европската филмска награда „Златен глобус“. Покрај овие награди, се здоби и со номинација за Оскар за најдобар странски филм.

Тие што се запознаени со филмскиот опус на Звјагинцев, кој се состои само од четири филма, знаат дека овој филм ги заслужил овие награди и номинацијата за Оскар. Неговите филмови се препознатливи по оптичкиот ладен увид на продолжените кадри во кои времето се користи како описен материјал. За прекрасната фотографија е задолжен неговиот постојан директор на фотографија Михаил Кричман. Под нивното долгогодишно заемно пријателство се подразбира и големата слобода на Кричман во кадрирањето на неговите филмови. Поради таквиот заемен однос и поради користењето на 35-милиметарската камера, за која Андреј тврди дека при самото снимање има поголема контрола на тоа што сака да го добие отколку кога би снимал со дигитална камера, неговиот стил  лесно се препознава. Музиката за филмот ја има искомпонирано Филип Глас, а од актерската екипа не може да се издвои ниту еден актер, бидејќи сите одлично си ја исполнуваат задачата.

           
                 Филип Миовски



Monday, January 12, 2015

Топ 30 филмови за 2014












1. Leviathan  *

2. Birdman  *

3. Whiplash 

4. Force Majeure 

5. Nightcrawler 

6. Concrete Night

7. The Strange Color of Your Body's Tears

8. Winter Sleep

9. The Mighty Angel

10. Calvary

11. Jimmy's Hall

12. The Imitation Game *

13. Interstellar *

14. White Bird in a Blizzard

15. Cold in July

16. Before I Dissapear

17. Black Coal, Thin Ice

18. Gone Girl

19. Boyhood

20. Coming Home

21. A Pigeon Sat on a Branch Reflecting of Existence *

22. A Hard Day

23. The Rover

24. Foxcatcher

25. Two days, One Night

26. The Grand Budapest Hotel

27. The Dark Valley 

28. '71

29. To Kill a Man

30. Blind

http://www.imdb.com/list/ls070671152/?publish=save